/ Прочитано:

1.877

Средба Вангеловски – Прибе: Реформите во судскиот систем треба да се спроведат со активно учество на судиите

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, оствари средба со  Рајнхард Прибе, експерт на Европската Унија и претставник на групата високи експерти за системските прашања за владеење на правото.

За време на средбата, велат од Врховниот суд, се разговараше за препораките од групата високи експерти за системските прашања за владеење на правото подготвени во 2015 година, како и за актуелната состојба во судството во Република Македонија.

Во текот на средбата, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија истакна дека реформите во судскиот систем треба да се спроведат со активно учество на судиите, со цел подобрување на состојбите на владеење на правото во Република Македонија.

На крајот од средбата, беше искажана заемна благодарност од одржаната средба и беше договорено продолжување на разговорите во текот на месец  јули 2017 година.

М.В