/ Прочитано:

1.082

Станови, автомобили, ледомати… — УЈП го лицитира запленетиот имот

Понеделник, 29 јули 2013 – Два станови, три автомобили, автобуси, цистерни, шанк-столчиња, кафемати, ледомати, фрижидери, гарнитури, па дури и томограф, како и други предмети што јавно се огласени за продажба на веб сајтот на УЈП, денеска од 11 до 13 часот ќе се продаваат на аукција во Управата.

Станува збор за движен и недвижен имот кој е запленет од фирми кои не можеле навреме да го платат данокот и некои од понудените предмети се ставени на аукција по прв пат, а некои се нудат и повеќе од 30 пати.

Според огласот, од недвижните ствари на аукција се ставени два стана на улица Козара во Скопје и тоа едниот кој е со површина од 51 квадратни метри се нуди со почетна цена од 39.500 евра, а другиот стан кој има 33 квадрати е со проценета вредност од 26.000 евра.