/ Прочитано:

747

Старт на судењето за сообраќајката кај „Зебра“

Понеделник, 31 август 2015 – Денеска во Основниот суд Скопје 1 се очекува да започне главната расправа за страотната сообраќајка кај „Зебра“ во која загина новинарката од Македонско радио, Сузана Тодоровска-Павлоска. 

За трагедијата што се случи на деветти јули годинава пред Катната гаража „Зебра“, во скопската населба Капиштец, обвинет е 37-годишниот Бојан Блажевски. Тој се товари за  кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Според обвинението, возачот Блажевски, во моментите кога случила несреќата имал 1,52 промили алкохол во крвта и 2,42 промили во урина. Кај него биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис сатива, а возилото „опел корса“ го управувал со брзина од 83 километри на час при што загубил контрола и удрил во Тодоровска-Павлоска.

По несреќата, на возачот му беше одредена мерка притвор, која неодамна беше продолжена за нови 30 дена.