/ Прочитано:

1.834

Стотици илјади евра украдени од трезор на скопска банка, осомничени вработени

Вторник, 16 септември 2014 – Tројца вработени во трезорот на една македонска банка се осомничени дека украле стотина илјади евра, ја потврдува полицијата оваа информација и најавува повеќе детали во текот на денот.

Полицијата веќе привела двајца осомничени за овој грабеж кој бил изведен без употреба на оружје затоа што вработените имале директен пристап до парите. Приведено е и едно лице од обезбедувањето на банката.

Се претпоставува дека трезористите веќе неколку месеци парите ги краделе за време на полнењето на банкоматите, ја регистрирале правилната сума со која требале да го наполнат банкоматот, а дел од тие пари си ставале во џеб. Засега претпоставката е дека се украдени стотина илјади евра.

Полицијата се’ уште не соопштува во која банка ова се случувало, но информациите од банката се дека сметките и парите на штедачите се безбедни.