/ Прочитано:

968

Струјата поевтинува за 0,33 отсто

Вторник, 30 јуни 2015 – Цената на електричната енергија за крајните корисници од утре се намалува за 0,33 проценти.

Одлуката денеска ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика, која вчера одржа подготвителна седница на која ги разгледа извештаите од енергетските компании.

Новата одлука за цената на струјата ќе важи од 1 јули годинава.