/ Прочитано:

1.060

СТУДЕНТИ ПОБРЗАЈТЕ: На 4. декември истекува рокот за аплицирање за стипендии

Вторник, 2 декември 2014 – Конкурсот на Министерството за образование и наука за аплицирање за стипендии за редовни студенти за академската 2014/2015 година трае  до 4. декември.

Ќе бидат доделени вкупно 2905 стипендии: 1500 се наменети за студенти од социјални категории и нивниот износ е 3.000 денаримесечно (за девет месеци), 630 се стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех и висината е 4.000 денари месечно. За неа е потребно најмалку 8.5 просечна оценка за студенти од техничките факултети и медицинските науки и најмалку  9 просечен успех за тие што се запишани на факултетите од општествените науки и од уметностите.

По 5.500 денари месечно е износот на 125 стипендии наменети за студенти по информатика, и 650 стипендии (по 3.000 денари) се за студенти запишани на студиски програми од природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и медицинските науки.

На интернет-порталот konkursi.mon.gov.mk е поставена електронската пријава. Рокот за електронско аплицирање завршува задутре, а документите во МОН ќе се доставуваат од 15-ти до 30 декември. Резултатите ќе бидат објавени на 3 февруари 2015, на порталот stipendii.mon.gov.mk, на кој може да се најдат дополнителни информации за конкурсот.