/ Прочитано:

805

Студентски парламент при УКИМ: Работилница „Говорот на омраза меѓу младите – моментална состојба и предизвици“

Четврток, 24 април 2014 – Во Ректоратот на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе се одржи работилницата на тема „Говорот на омраза меѓу младите – моментална состојба и предизвици“,  во рамки на Националната кампања против говор на омраза.

Работилницата е организирана од Студентскиот парламент на Скопскиот универзитет и Агенцијата за млади и спорт, со цел да се презентираат целите и досегашните активности, како и следните активности од проектот.

На работилницата ќе учествува и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.