/ Прочитано:

1.383

СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО: „Пратениците го трчаат почесниот круг! РЕФОРМСКИ МАРАТОН“

Среда, 14 јануари 2014 – Под мотото „Пратениците го трчаат почесниот круг! РЕФОРМСКИ МАРАТОН“ студентите денеска во 11 часот, пред Собранието на Република Македонија повторно ќе одржат протест против измените во Законот за високото образование што се на дневен ред на пленарна седница.

„Почитувани колеги и граѓани! Пред пратениците во Собранието на РМ ќе се најдат измените за Законот во високото образование во среда. Да одиме и соодветно да ги пречекаме маратонците пред финишот, односно пред собраниските порти, со громогласен аплауз и честитки во трката за лоши реформи во образованието! Ги покануваме сите студенти и граѓани да дојдат со свои пароли и свирчиња, за да ги бодриме маратонците во нивната тешка трка – кој прв да стисне ‘ЗА’ за Законот и за упропастување на образованието“, се вели во соопштението на Студентскиот пленум.

Тие најавуваат протест со свирчиња, со пароли, а планираат да ги пречекаат пратениците пред Собрание со аплаузи и со црвени маратонски ленти во трката, како што велат, за лошите образовни реформи.

„По пет и полчасовна средба на координаторите на сите интерни пленуми, одлучивме на овој начин за последен пат да се обидеме да ги притиснеме пратениците и да им укажеме дека се на лош пат“, рекоа од Пленумот.