/ Прочитано:

1.085

Студентскиот парламент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ распиша конкурс за заменик на Студентски правобранител

Четврток, 2 октомври 2014 – Врз основа на чл. 8 од Правилникот за изборот, разрешувањето, надлежноста и работата на Студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, бр. 142 од 18.06.2009 година и 06.07.2009 година и Статутот на Студентскиот парламент на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј ” од Скопје, Студентскиот парламент на Правен Факултет „Јустинијан Први“ распиша конкурс за избор на заменик на Студентски правобранител.

Студентскиот правобранител има заменици, по еден од секоја единица во состав на Универзитетот, кои ги избира Студентскиот правобранител на Универзитетот, за период од две години, без право на повторен избор. Кандидатите ги доставуваат потребните документи до Студентскиот парламент на факултетот кој по истек на определениот рок за поднесување документи, сите кандидатури ги доставува до Студентскиот правобранител на натамошно разгледување.

Замениците се бираат во постапка која ја иницира Студентскиот правобранител на Универзитетот, а ја спроведува Студентскиот парламент на факултетот согласно член 8 од Правилникот.

УСЛОВИ ЗА ИЗБОР Пријавениот кандидат треба да ги исполнува следните услови:

  • 1.1  да е редовен студент со просечна оцена на студии од минимум 7,00;
  • 1.2  да има завршено најмалку втор семестар;
  • 1.3  да има организациски способности и способности за комуникација.

 ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ Конкурсот трае од 29.09.2014 (понеделник) до 06.10.2014 (понеделник) до 12 часот.

Кандидатите потребните документи (потврда за редовен студент, копија од индекс/уверение за положени испити и CV) кои потврдуваат исполнување на наведените критериуми да ги достават во просториите на Студентскиот парламент на факултетот во периодот од 11 до 13 часот или фахот на Студентските организации кој се наоѓа кај архивата на факултетот.

Заменикот на Студентскиот правобранител треба да помага во спроведувањето на постапките пред Студентскиот правобранител на Универзитетот кои се однесуваат на единицата на Универзитетот, да делува по налог на Студентскиот правобранител на Универзитетот во решавањето на проблемите и споровите меѓу студентите и органите на факултетот, реализацијата на програмата за работа како и во превенција на проблемите.

За подетални информации обратете се на е-маил адресата на Студентскиот правобранител st_pravobranitel@ukim.edu.mk или на тел.број 072 30 20 20.