/ Прочитано:

1.231

СУДЕЊЕ „Детонатор“: Вештачењето за наплатата за обезбедувањето на кочанските дуќанџии сѐ уште не е завршено

Четврток, 31 октомври 2013 – Денеска главниот претрес се одложи бидејќи вештачењето за наплатата за обезбедувањето на кочанските дуќанџии од страна на Агенијата за обезбедување „Титан груп“ сѐ уште не е завршено. На следното рочиште се очекува да заврши доказната постапка. 

Следното рочиште е закажано за 12.11.2013  година во 10:30 часот.

Обвинетите во случајот „Детонатор“ се товарат за: обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама. Полициска опсада во неколку градови во источниот дел на Македонија резултираше со 13 разрешени полициски началници и командири, запленети 1000 покер апарати и решетки за 14 лица.

>> Предметот целосно проследете го тука.