/ Прочитано:

1.357

СУДЕЊЕ „Детонатор“: Заврши вештачењето за наплатата на „Титан груп“

Вторник, 12 ноември 2013 – Заврши вештачењето за наплатата на штипската агенција за обезбедување „Титан груп“ од кочанските дуќанџии. Следната недела странките во постапката ќе ги прозинесат своите завршни зборови. 

Следното рочиште е закажано за 19.11.2013  година во 10:30 часот, а се очекува странските да почнат со изнесувањето на своите завршни зборови.

Вештото лице остана на она што е наведено во вештиот наод и дополнението околу наплатата за обезбедување од кочанските дуќанџии која ја направила штипската агенција за обезбедување „Титан груп“.

Обвинетите во случајот „Детонатор“ се товарат за: обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама. Полициска опсада во неколку градови во источниот дел на Македонија резултираше со 13 разрешени полициски началници и командири, запленети 1000 покер апарати и решетки за 14 лица.

>> Предметот целосно проследете го тука.