/ Прочитано:

983

СУДЕЊЕ Иво Санадер: Уште еден унгарски сведок смета дека одлуките на Санадер во врска со „ИНА“ биле исправни

Петок, 11 мај 2012 – Последно рочиште за оваа недела за Иво Санадер. Во Жупанискиот суд во Загреб денеска му се судеше за аферите Хипо Банка“ и ИНА – МОЛ“, кој судот заради економичност реши да ги спои во еден предмет. Денешното рочиште го отвори Габор Гион, финансиски ревизор во унгарски Делоит, кој во 2008 бил чело на ревизорскиот тим што ја чешлал работата на ИНА. Сплитскиот претприемач Миро Бркиќ кој прв требаше да сведочи, оправдано не се појави на судењето.

Гион кој е сведок на одбраната, како и останатите сведоци од Унгарија, тврди дека  „ИНА“  кон крајот на 2008 година била во многу лоша финансиска состојба, но дека по измената на акционерскиот договор, потпишан од страна на владата на Санадер ситуацијата во фирмата се подобрила.

Афера: „ИНА – МОЛ“

Со обвинението за случајот „ИНА – МОЛ“ , Санадер се товари дека  примил мито – 10 милиони евра од унгарската компанија „МОЛ“, со цел преземање на мнозинските права во нафтената компанија  „ИНА“ на сметка на Владата на ХР.  Измената на акционерскиот договор на „ИНА“, била потпишана летото 2008 година.

Според неговото сведочење лошата состојба во „ИНА се должела на големиот пад на цената на нафтата во тоа време, но и на загубите кои фирмата ги бележела со плинот. Тој наведе дека пред измената на акционерскиот договор, „ИНА“ имала кредит од милјарда долари, што во случај на повреда на одредени финансиски показатели морал веднаш да се исплати. Во почетокот на 2008 година „ИНА“ се уште била ликвидна, но проблемите се јавиле кон крајот на годината, кога фирмата не можела да ги подмири сите даночни обрски.  Она што за време на криза, кога банките не давале кредити ги зачувало финансиските кофициенти на фирмата, според Габор Гион била одлуката за издвојување на бизнисот со плин во 2009 година. Тој потенцираше дека одлуката за издвојување на бизнисот со плин била најдобрата, бидејки „ИНА“ со години плинот го купувала по пазарна , а продавала по пониска цена.

Ревизорскиот тим на Гион во текот на 2008 година извршил  неколку ревизии и една завршна на крајот на годината. Тој рече дека „ИНА“ од него добила позитивна оценка, но не поради добрата работа бидејки тие не го оценувале тоа, туку поради тоа што финасиските активности на фирмата биле правично прикажани.

Иако за денеска беше предвидено да сведочи и сплитскиот претприемач Миро Бркиќ, тој поради службена работа не успеа да се појави на рочиште. Бркиќ инаку требаше да даде исказ за имотната состојба на Санадер во 90 – тите, односно по враќањето на екс – премиерот од Австрија во Хрватска. Ова требаше да ја потврди или отфли тезата за тоа дали Санадер профитирал од војната во Хрватска, или пак имотот го стекнал од работењето во Австрија.

Афера: „Хипо банка“

Ова е првиот случај  во Хрватска кога некој е обвинет за збогатување за време на војната во Хрватска. Обвинителството го товари за воено профитерство и злоупотреба на службената должност. На Санадер му се припишува дека примил мито  3,6 милиони куни (483.000 евра), провизија од кредитот кој австриската „Хипо банка“ и го одобрила на Хрватска додека бил заменик министер за надворешни работи на Хрватска (1991-1996).

>> Проследете го судењето за аферите „Хипо банка“ и „ИНА – МОЛ“.