/ Прочитано:

1.411

СУДЕЊЕ „Метастаза“: Дел од обвинетите не се појавија во судница, судењето се одложи

Петок, 13 јули 2012 година – Судењето се одложи бидејќи дел од обвинетите не се појавија во судница. Инаку на денешното рочиште предвидено беше  судијата да одлучи за новите докази што ги предложи одбраната. Се работи за медицинска документација и пари најдени во домовите на обвинетите. Судскиот процес кој се води против докторите и службениците од ПИОМ, но и посредници е при крај, на есен се очекува пресуда. 

Според обвинението по предметот за случајот Метастаза, доктори и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и нивни посредници, за пари им посредувале на барателите на пензии да се стекнат со правото на користење на инвалидска пензија. Членовите на лекарските комисии и посредниците наводно барале од 1500 до 4000 евра. За секој барател сумата била различна во зависност од тоа каква документација треба да се извади. Групата дејствувала 2 години, а докторите и посредниците наводно заработиле 165.000 евра и го оштетиле Фондот на ПИОМ за 53.000 евра.

Повеќе за предметот може да прочитате тука.


Тек на рочиштето

10:13 – Неколку обвинети не се појавија во судница, будејќи не беа исполнети условите за одржување на главен претрес, судијата го одложи судењето за 30.08.2012 година во 10 часот.