/ Прочитано:

1.816

СУДЕЊЕ „Монструм“: Допирна точка меѓу обвинетите и оружјето употребено во масакрот кај Смилковци, покажува балистичкото вештачење

Петок, 12 јули 2013 – Единаесет од  од чаурите пронајдени кај Смилковци соодејствуват  со една чаура од оружјето со кое е пукано на фармата во Белимбегово во 2009-тата година која е под концесија на обвинетиот Фејзи Азири – Балистичари на МВР на денешното рочиште ги презентираа своите наоди.

Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири се обвинети за тероризам, според обвинителството тие на  на 12 април 2012 година во очи Велигден со цел да влеат страв кај македонското население и да се загрози безбедноста на земјата, со вкупно 21 истрел од калашников и пиштол ги усмртиле на лице место петте рибари кои ги затекнале кај Смилковското езеро. Обвинетите Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои најпрвин беа во бегство, се наоѓаат во притвор на Косово поради нелегално поседување на оружје, моментно се чека на нивната екстрадиција – им се суди во отсуство.

Согласно наводите во обвинителниот акт, Смиљковското езеро како место на злосторството е избрано поради тоа што обвинетиот Фејзи Азири бил концесионер на имотот близу до езерото, па нему му бил познат теренот. Фејзи Азири, Сејди Рами, Агим Исмаиловиќ и уште 3 непознати лица, пред 12.04.2012 година го разгледувале теренот. Регистрирале колку лица доаѓаат, од која националност се, на која возраст, кога доаѓаат и кога си одат од езерото. Договорот паднал убиството да се случи на кобниот Велики четврток. Како што се договориле, Алил Демири заедно со браќата Исмаиловиќ околу 19 часот дошле на езерото. Демири носел пиштол, а браќата автоматски пушки. Демири со пиштолот испукал 8 куршуми, а браќата Исмаиловиќ 13, сите во истиот  момент упатени кон 4-те момчиња. Куршумите завршиле во нивните тела, ги усмртиле на лице место. На само 50 метри случајно се затекнал рибарот Борче Стефковски, обвинетите го забележале, во него пукале со 5 куршуми додека тој бегал кон своето возило.

>> Предметот целосно можете да го проследите тука. 

Тек на рочиштето

12:30 – Судскиот процес продолжува на 06.08.2013 во 9:00 часот. Во меѓувреме:  Приштинскиот суд ги осуди на вкупно 4,5 години затвор Демири и Исмаиловиќ — нивната екстрадиција и натаму енигма“. 11:10 – Сведочеа двајца балистичари од МВР кои направиле микроскопска компаративна анализа на 21 испалена чаура што биле пронајдени кај Смилковци и 42 испалени чаури на фармата кај Белимбегово што е под концесија на Фејзи Азири.

Обвинетиот Фејзи Азири на полицијата ѝ е познат од 2009 година, кога во ноември беше уапсен од „Алфите“ како единствен осомничен за вооружениот инцидент што се случил тогаш во кругот на живинарската фарма „Белимбегово“. Арачиновецот што под концесија ги зел халите на живинарската фарма, од ловен карабин „ЦЗ“, калибар 8,57 милиметри, испукал неколку куршум во воздух додека тројца земјоделци со трактор орале нива во кругот на фармата.  Иако најпрво се веруваше дека се работи за повеќе лица кои пукале, само Фејзи заработи кривична пријава.

Во двата настани, според анализата на балистичарите е пукано со повеќе оружја, меѓутоа според вештиот наод и според индивидуалните траги на испалување се утврдува дека 11 чаури од Смилковци и една чаура од Билимбегово се испукани од исто оружје.

Адвокатот на обвинетите Насер Рауфи приговараше на наодот на стручните лица, посочувајќи дека оружјето со кое извршено петкратното убиство не е пронајдено и оттука  не може да се утврди дека станува збор за истото оружје.

Рауфи му предложи на судот, да се направи ново балистичко вештачење во некоја посовремена лабараторија во странство, бидејќи според него кај нас нема технички услови за ова. Сведокот појасни дека само само тројца балистичари во Македонија прават ваква компаративна анализа. 11:00 – Старт на рочиштето, условите за одржување на главен претрес се исполнети.