/ Прочитано:

1.676

СУДЕЊЕ „МОНСТРУМ“: Што поседувале обвинетите во компјутерите: мухаџедини повикуваат на Џихад и лелек на муслимански жени

Среда, 12 март 2014 – Тренинг  на Мухаџедини, улични престрелки со калашникови, до заби вооружени исламисти, лелек на муслимански жени, вака изгледаше денешниот главен претрес на кој се изведуваа материјалите пронајдени во запленетите компјутери на обвинетите. На видео бим, присутните во судницата со експресија на лицето која манифестира згрозеност, имаа можност да го видат Обама Бин Ладен и уште неколкумина терористи како муслиманите ги повикуваат на Џихад и на борба против сите оние кои не се христијани. 

Наколку СД-ња полни со радикално исламистичка содржина на арапски јазик со превод на албански, кои биле дел од компјутерите на обвинетите, денеска се изведуваа како писмени докази на главниот претрес. Во компјутерот на обвинетиот Хаки Азири, се наоѓале видео записи со вооружени исламисти кои повикуваат на Џихад, улични престрелки, се величаат терористи и се слуша женски лелек на жени муслимани од Сребреница, Чеченија, Палестина и Кашмир, за загинати муслимански мажи.

Во позадина на снимките се слушаат песни на арапски јазик за кои судијата Ивица Стефановски појасни дека служат за подигнување на моралот на муџахедините. Едно е од видеата беше насловено „Ал Каеда ги обучува муџахедините“.

На дел од снимките беа претставени и припадници на американската војска и поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш споредувајќи ги со Крстоносните војни. На сите снимки се истакнуваше дека Алах е голем и дека тие се избрани од него за да се борат.

Адвокатот Митко Солаковски истакна дека презентираните снимките немаат никаква врска со обвинетите иако се најдени во нивните компјутери. Тој додава дека не може со сигурно да се тврди дека тие се сторители на убиството, а уште помалку да ги поврзуваат со убиства во Сирија, Палестина и Ирак.