/ Прочитано:

1.378

СУДЕЊЕ Санадер („Хипо банка“, „ИНА – МОЛ“): Судењето e пред самиот крај, сведочеше последниот сведок

Петок, 9 ноември 2012  – Обединетиот предмет за аферите „Хипо банка“ и „ИНА – МОЛ“ кој се води против поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер е пред самиот крај. Денеска сведочеше последниот сведок (во врска со случајот „ИНА – МОЛ“), член на Управата на ИНА , Унгарецот – Пал Золтан Кара.

(фото: Горан Мехкек / Кропикс)

„Хрватската до пристапување кон Европската унија не треба да има повеќе од 25 отсто во ИНА“, се изјасни пред судот Кара.

Тој појасни дека оваа одредба е вградена во Законот за управување со ИНА. Што ќе се случело доколку ова не се остварело, вели дека не знае. Додаде дека управувањето е пренесено на МОЛ.

Афера: „ИНА – МОЛ“

Со обвинението за случајот „ИНА – МОЛ“, Санадер се товари дека  примил мито – 10 милиони евра од унгарската компанија „МОЛ“, со цел преземање на мнозинските права во нафтената компанија  „ИНА“ на сметка на Хрватска.

Афера „Хипо банка“

Ова е првиот случај  во Хрватска кога некој е обвинет за збогатување за време на војната во Хрватска. Обвинителството го товари за воено профитерство и злоупотреба на службената должност. На Санадер му се припишува дека примил мито од од 3,6 милиони куни (483.000 евра), провизија од кредитот кој австриската „Хипо банка“ и го одобрила на Хрватска додека бил заменик министер за надворешни работи на Хрватска (1993).

Предметот за случаите „Хипо банка“ и „ИНА – МОЛ“, кој беа споени заради економичност и ефикасност почна пред повеќе од една година и е пред самиот крај. На следното рочиште закажано за 12 ноември (понеделник) се очекува да биде изнесена одбраната на Санадер, а потоа ќе следуваат завршните зборови. Датумот на објавување на пресудата засега не е познат, но се претпоставува дека тоа би било кон крајот на идната недела. Против екс-премиерот и екс-претседателот на ХДЗ во Жупанискиот суд во Загреб, моментално се водат 4 постапки, а ова ќе  биде првата пресуда.