/ Прочитано:

1.634

Судењето за предметот „Дива населба“ ќе продолжи во септември зад затворени врати

Следното рочиште е закажано за 6 септември, кога повторно ќе бидат сослушувани заштитените сведоци. Паузата од еден месец била одредена во договор меѓу странките во постапката, од една страна, и судечкиот совет, од друга страна. Од Кривичниот суд велат дека кога ќе завршат исказите кои се затворени за јавноста, судењето повторно ќе биде отворено.

Дива населба, прво рочиште

Судењето за случувањата во кумановската Дива Населба ќе прави пауза еден месец. Последното рочиште за случајот се одржа вчера. Рочиштата се одвиваа зад затворени врати бидејќи во тек беа сослушувањата на заштитените сведоци, полициски службеници кои учествувале во воените дејствија од 9 и 10 мај минатата година.

Следното рочиште е закажано за 6 септември, кога повторно ќе бидат сослушувани заштитените сведоци. Паузата од еден месец била одредена во договор меѓу странките во постапката, од една страна, и судечкиот совет, од друга страна. Од Кривичниот суд велат дека кога ќе завршат исказите кои се затворени за јавноста, судењето повторно ќе биде отворено.

Процесот започна на 9 февруари и оттогаш беше прекинуван неколкупати. Причината за прекин на постапката беше спојувањето на предметите „Дива Населба“ и „Молња“. Поради обемноста на предметот, во кој обвинети се 37 лица, Судот неколку недели не можеше да најде соодветна просторија во која ќе бидат исполнети безбедносните и техничките услови за одржување на главна расправа и во која ќе можат да бидат сместени обвинетите и нивните адвокати.

Судењето сега се одвива во големата сала на Врховниот суд, која со одлука на Владата на РМ му беше отстапена на Кривичниот суд на привремено користење во рок од шест месеци.

На вчерашното рочиште, кое исто така беше затворено за јавноста, како што информираат од Судот, неколку обвинети се пожалиле на повреди. Судот повикал и медицинска екипа која ги прегледала обвинетите и увидела дека немаат видливи повреди. Истото се случи и на неколку претходни рочишта.

Во предметот „Дива Населба“ обвинети се 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела терористичко организирање од членот 394-а и тероризам од членот 394-б од Кривичниот законик. Обвинетите се произнесоа дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. На досегашните рочишта беа сослушани бројни сведоци на Обвинителството: роднини и соседи на обвинетите и полициски службеници учесници во дводневните вооружени престрелки.

Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.