/ Прочитано:

635

Судењето за убиството на Детската клиника продолжува во ноември – вештак се откажа од вештачење

Среда, 7 октомври 2015 – Судскиот процес против Никола Кузмановски, обвинет за убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска, што се случи на 9 јануари на Детската клиника во Скопје, ќе продолжи следниот месец.

Денешното рочиште се одложи за 9 ноември бидејќи еден од вештаците кои ги предложи одбраната самоволно се откажал од понудената работа. Одбрана за следната главна расправа ќе треба да најдат нов вештак кој ќе го изработи бараното вештачење.

Трагичниот настан се случи на поткровјето на Детската клиника во Скопје. Кузмановски се товари за кривичното дело „убиство на бремено лице“ бидејќи Дијана, со која бил во љубовна врска, во тоа време била бремена. По немилиот настан Кузмановски се закануваше дека ќе се самоубие скокајќи од покривот на Детската клиника. Според обвинителство, тој убиството го сторил умисла, а му претходела расправија.

Кузмановски на првото рочиште во месец јуни се изјасни за невин. 

.