/Прочитано:

565

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: КОК бр. 51/13

СУДЕЊЕ

Почеток: 9 август 2013г.

Судија: Дијана Груевска-Илиевска (претседавач)

Обвинител: Лиле Стефанова

Обвинети:

  • Иле Танев - затворска казна од 2 години и 6 месеци
  • Сабедин Џини-Хофман
  • Валентин Зафиров
  • Томислав Кежаровски
  • Ивица Ефремов
  • Борис Николовски
  • Сашко Лазаров
  • Јане Павловски

„Ликвидација“

Судскиот процес „Ликвидација“ во кој им се судеше на судии, адвокат, обвинител, новинар заврши со правосилна пресуда со која сите осуммина обвинети беа прогласени за виновни.

Првообвинетиот, велешкиот судија Иле Танев е осуден на една и пол година затвор за злоупотреба на службената положба. За него и за второбвинетиот Сабедин Џини Хофман, Апелација ги уважи жалбите во однос на делото примање поткуп, така што предметот го врати на повторно постапување и одлучување само во овој дел.  Третообвинетиот, поранешниот истражен судија Валентин Ефремов е осуден на две и пол години затвор за  неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица и за противзаконито посредување.

За истото дело, неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, на две години затвор е осуден и новинарот Томислав Кежаровски. Велешкиот обвинител  Ивица Ефремов доби 3 години затвор за противзаконито посредување, залоупотреба на службената положба и за недозволено поседување и тргување на оружје. Шесттообвинетиот и седмообвинетиот, пензионираниот врховен судија Борис Николовски и адвокатот и Сашко Лазаров, за противзаконско посредување добија условни казни, додека обвинетиот Јане Павлоовски за истото дело е осуден на една и пол година затвор.

Според обвинителниот акт, велешкиот судија Иле Танев во текот на 2008 година како службено лице судија во Основен суд Велес и претседател на кривичниот совет, побарал од обвинетиот Сабедин Џини-Хофман  поткуп во износ 2.000 евра за да гласа за укинување на притвор во предмет, каде, пак, како обвинет за разбојништво се јавува заштитениот сведок во „Ореше“ Златко Арсовскизаедно со уште едно лице.

Танев кој е судијата што на два пати донесе осудителна, а во третиот наврат ослободителна пресуда за обвинетите во случајот „Ореше“, е  правосилно осуден под обвинение дека со искористување на својата службена положба ги повредил правата на обвинетите браќа Љупчо и Ордан Георгиевски. Тој наводно ја искинал веќе залепената  доставницата за пресудата и наместо неа залепил нова со нов невистинит датум, со цел обвинителот и обвинет во овој предмет Ивица Ефремов кој го пропуштил рокот, да поднесе жалба за висината на казната.

  • Со првостепената пресуда, Иле Танев беше осуден на 1 година и 6 месеци за примање поткуп, 1 година и 6 месеци за злоупотреба на службената положба и овластување, односно единствената затворска казна од 2 години и 6 месеци. Апелациониот суд Скопје ја преиначи пресудата и му утврди единствена казна затвор во траење од 1 години и 6 месеци затвор, додека за делото примање поткуп ја врати на повторно одлучување.

Сабедин Џини-Хофман е обвинет дека земал поткуп. Тој наводно на братот на Златко Арсовски, му ветувал дека Танев како негов „близок пријател“ и како судија и претседател на кривичен совет може да гласа за укинување на притворот на Арсовски, но дека за таа услуга тој бара 2.000 евра. Според обвинителството, тој во име на Танев во два наврата земал 1.500 евра, наместо договорените 2.000 евра.

  • Со првостепената пресуда,  Сабедин Џини-Хофман беше осуден на 1 година и 6 месеци за примање поткуп. Како и за Танев,  Апелација го врати предметот на повторно судење и за  Џини-Хофман.

Поранешниот истражен судија Валентин Зафиров е обвинет и осуден за: неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица и противзаконско посредување. Според обвинението, тој во 2008-ма година под  псевдонимот „Бреза“ го сослушал тогаш загрозениот сведок Арсовски, а записникот со телефонскиот број на загрозениот сведок, иако знаел дека внел податоци што можат да доведат до идентификација,  им го дал на адвокатите во случајот „Ореше“.

„Потоа, без знаење и овластување на Одделението за заштита на сведоци, заедно со уште едно лице отишол во затворот во Штип, каде загрозениот сведок, два дена претходно бил пренесен од затвор „Скопје“ Скопје“, се наведува во обвинението.

Зафиров при оваа посета, наводно на тогашниот директор на штипскиот затвор Трајко Димков му рекол дека Златко Арсовски бил сослушуван како загрозен сведок, но било пропуштено да го потпише записникот со неговото вистинско име. Кога загрозениот сведок дошол во канцеларијата на директорот, наводно му рекол да го потпише записникот со вистинското име, а доставницата со псевдонимот „Бреза“ – на овој начин истражниот судија, според обвинителството, спротивно на законот го оддал вистинскиот идентитет на загрозениот сведок.

  • Со првостепената пресуда,  Валентин Зафиров беше осуден на 5 години затвор за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица и 1 година затвор за протививзаконито посредување, односно единствената затворска казна од 5 години и 6 месеци. Апелација му ја преиначи казната  на 2 години и 6 месеци.

Новинарот Томислав Кежаровски е обвинет и осуден за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица бидејќи во 2008-тата година два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ објавил копија  од записникот каде стоел исказот на заштитениот сведокот  во случајот „Ореше“, неговото име, како и неговиот телефонски број. Според обвинението, по објавувањето на новинарските написи, Арсовски имал притисоци, па затоа се создало друга ситуација каде сведокот подоцна сам си го открива идентитетот и го менува исказот.

Според наводите на обвинителството, обвинетиот Павловски – „Тица“ и семејството на обвинетите во „Ореше“ од написот на Кежаровски осознале кој е загрозениот сведок и му вршеле притисок на „Бреза“ да го смени исказот, по што на крајот наводно се создава ситуација  во која тој го открива својот идентитет и го менува исказот.

  • Со првостепената пресуда, Томислав Кежаровски беше осуден на 4 години и 6 месеци за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица. Апелација му ја преинаи казната на 2 години. 

Петтоовинетиот, обвинителот Ивица Ефремов е обвинет и осуден за протиивзаконско посредување и злоупотреба на службената положба. Тој наводно поттикнат обвинетиот Зафиров се обидел да влијае кај својата колешка од велешкото Обвинителство, Славица Темелковски, таа да поднесе обвинителен акт без предлог за продолжување на мерка притвор.

Ефремов исто така е осуден за неовластено држење на оружје.

  • Со првостепената пресуда, Ивица Ефремов беше осуден  на 1 година затвор за противзаконито посредување, 1 година и 6 месеци за злоупотреба на службената положба и овластување и 3 години затвор за  недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали, односно единствената затворска казна од  4 години и 6 месеци. Апелација му ја преиначи казната на три години. 

Јане Павловски – „Тица“, пензионираниот врховен судија Борис Николовски и адвокатот Сашко Лазаров, пак, според обвинителството исто така се поврзани со случајот „Ореше“. Наводно, Николовски и Лазаров, со умисла потикнати од Павловски посредувале кај обвинителот Ефремов да даде согласност по предлогот на одбраната за укинување на мерката притвор на обвинетите за убиството во „Ореше“.

  • Со првостепената пресуда, Борис Николовски  беше осуден на 1 година затвор, но Апелација му ја преиначи и му утврди му утврди алтернативна мерка Условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку истиот во следните 3 години не стори ново кривично дело. 
  • Со првостепената пресуда, Сашко Лазаров беше осуден на 1 година затвор, но Апелација му утврди алтернативна мерка Условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку истиот во следните 3 години не стори ново кривично дело
  • Со првостепената пресуда, Јане Павловски – „Тица“ е осуден  на 1 година и 6 месеци затвор. Апелација за него во целост ја потврди пресудата. 

 Обвинетите беа уапсени на 28 мај 2013 година, а судскиот процес стартуваше три месеци подоцна, односно на 9 август.

Тек на судењето