/Прочитано:

3.148

„Агент“: Завршен збор на првообвинетиот Васко Томановиќ

Случај: „Агент“

Завршен збор: Првообвинетиот Васко Томановиќ, тогашен правен застапник на кипарската фирма „Централ Балкан инвестмент – ЦБИ“, од Никозија. 


Анализирајќи го завршниот збор на ЈО, во делот што се однесува на мене, не можам да се ослободам од впечаток дека ЈО неосновано,   ја пренагласува со неточни заклучоци и погрешна оцена на изведените докази,  мојата улога во настанот кој е опфатен со Обв. акт. Јас го разбирам ЈО и неговата желба под секоја цена да го докаже обвинението, меѓутоа и ЈО има законска обврска да води грижа за вистината и да не ја заобиколува. 

Не е точно дека јас не сум се раководел со интересите на ЦБИ Никозија, бидејќи во текот на кривичната постапка  тоа ЈО не го докажал ниту пак посочил докази на таа околност. Фактот дека ЦБИ Никозија не учествува во кривичната постапка ниту пак предјавува ошететно побаруање го потврдува овој факт.  Не е точно дека јас сум формирал правен субјект со цел да ги изиграм интересите на ЦБИ НИкозија и тоа со идентичен назив, поради причините на кое понапред  укажав. Не  е точно дека јас во договорите од 4 и 5. О3.2009 год. искористувајќи ја својата положба, сум преставил дека ЦБИ Скопје е сопственик – корисник на земјиштето. Веќе е кажано дека словенците при изготвување на текстот на договорите самите ги вметнале зборовите : “У даљем тексту ЦБИ Скопје“ . Значи, сосема е јасно дека договорните страни се ЦБИ Никозија и словенците и тука нема ништо спорно. Јас не сум  ги подготвил договорите, а она што го напишале словенците не ми пречело бидејќи е јасно кои се носители на правата и обврските од двата договори. Не е точно  дека јас како полн. на ЦБИ Никозија  преку ЦБИ Скопје сум се здобил со противправна имотна корист во износ од 62.855.196 ден. Ова поради тоа што наведениот износ на пари, согласно договорите, е пренесен на сметка на ЦБИ Скопје, откако за тоа претходно беа исполнети сите договорени услови . 

………

Доколку сепак Судот најде дека сум виновн за едно од двете кривични дела опфатени со обвинителниот акт, во таков случај го молам Судот, при опредлувањето на казната, согласно член 39 од КЗ, да го има предвид следното : со кривичното дело не е нанесена штета на странките во правното дело, кривичното дело е сторено пред повеќе од четири години, во наведениот временски период јас не сум  сокрил или уништил ниту еден доказ без оглед на тоа што  уште со Наредбата КРИОК бр. 373/09 од 2.12.2009 год.  спрема мене се преземени одредени дејствија од страна на истражниот судија, во текот на истрагата најчесно ги изнесов сите факти и околности поврзани со предметот на обвинението и ги презентирав доказите со кои располагав.  Потоа, го молам  Судот  да го има  превид и фактот дека досега против мене, како човек и адвокат, не е водена кривична постапка, ни по приватна тужба и дека досега не сум осудуван. Исто така, Судот  да го има предвид и фактот дека јас сум семеен човек, со малолетен син Тео, на возраст од девет години и ќерката Марија која на денот на моето приведување во притвор била на возраст од  неполни шест месеци. 

>> Завршниот збор целосно можете да го проследите тука.