/Прочитано:

3.195

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: КОК бр. 51/13

СУДЕЊЕ

Почеток: 9 октомври 2013г.

Судија: Јани Нича (претседавач)

Обвинител: Деса Пауновска

Обвинети:

  • Васко Томановиќ - затворска казна од 3 години
  • Слободан Богоевски - затворска казна од 2 години
  • Владо Пешликоски - затворска казна од 2 години
  • Митја Валиќ - затворска казна од 2 години
  • Даниела Трајковска - условна казна од 2 години
  • Ален Јегени - условна казна од 2 година

„Агент“

Со затворски казни кои се движат од две до три години, Кривичниот суд на 16 декември 2013 година ги прогласи за виновни шестмината обвинети во случајот „Агент“, меѓу кои адвокати, поранешен разузнувач, претставник на словенечки „Меркатор“ и двајца управители на фирми. Една година подоцна, Апелациониот суд Скопје во целост ја потврди пресудата со која дел нив беа осудени за „злоупотреба на службената положба“, додека дел за „перење на пари“. Покрај казната затвор, на осудените им беше изречено да ја надоместат отштета од околу 940.000 евра, средства кои, според пресудата, се смета дека се стекнати со дејство на кривичните дела злоупотреба на службената положба и перење пари. 

Според пресудата, шестмината опфатени со предметот, го искористиле раскинувањето на Договорот за доделување на градежно земјиште (во близина спортскиот центар „Борис Трајковски“) на користење, склучен во 2000 година помеѓу Министерството за урбанизам и градежништво на РМ и фирмата „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, Кипар, а со цел да прикријат незаконски стекнати парични средства, во висина од околу 940.000 евра, изготвиле договори со невистинита содржина помеѓу дел од нив и фирми во нивно владение, за наводно посредување за раскинување на споменатиот Договор, кој претходно веќе бил раскинат.

Во обвинението се наведува дека првообвинетиот Васко Томановиќ ја злоупотребил својата службена положба како полномошник на кипарската фирма „Централ Балкан инвестмент – ЦБИ“, односно склучувал договори со невистинити факти, а преку формирање на фирма во Скопје, пуштал во оптек пари иако знаел дека потекнуваат од казниво дело. Според наводите, и останатите обвинети меѓу кои се: адвокатот Владо Пешликоски, тогашен правен застапник на словенечки Меркатор, Словенецот Митја Валич и поранешниот разузнувач Слободан Богоевски учествувале со злоупотреба на службената положба и со перење на пари. 

Последните двајца обвинети Ален Јегени и Даниела Трајковска се огласени за виновни за делото Перење пари. Јегени е тогашен управител на фирмата ќерка настаната до кипарската фирма, а Трајковска е тогашна управителка на фирмата ќерка на словенечки Меркатор. Обвинителството тврди дека тие помогнале во финансиските малверзации со тоа што ги потпишувале документите на фирмите, уплаќањето и исплаќањето на средствата. 

Тек на рочиштето