/Прочитано:

2.667

„Бришач 1“: Завршeн збор на бранителот Иванка Јакимовска за Бошко Сиљаноски

Случај: „Бришач 1“

Завршен збор: Иванка Јакимовска, бранител на првообвинетиот Бошко Сиљаноски


Фрапантно ама вистинито е дека во петитумот на обвинителниот акт ,,НЕ ПОСТОИ ЗБОРОТ УМИСЛА, а уште пак помалку докази кои би не увериле дека истата постои кај обвинетиот, и дали ова не не упатува на фактот да според застапникот на обвинението, истата треба да се подразбира.?Аналогно на тоа, мораме да споменеме дека законодавецот предвидел и небрежност, како варијанта во КЗ, но истата треба да се докаже односно да се наведат доказите на кои претендира застапникот на обвинението, кои од дејствијата на обвинетиот се противправни и извржени со умисла  а кои не, а овде тоа во овој акт го нема. 

……

Ако го анализираме обвинението, ќе утврдиме дека истото е доста штуро, без цврсти и убедливи докази, кои би не упатиле на фактот да навистина ова лице е сторител на кривичните дела.напротив,дека истиот нема никаков удел во ништо,јасно покажа и снимениот аудио материјал кој што ни беше презентиран како доказ и од кој што можевме несомнено сите ние присутни во судската сала да го слушаме разговорот помегу појдовните и дојдовните телефонски броеви ОД КОИ ШТО НИЕДЕН НЕ БЕШЕ НА МОЈОТ БРАНЕНИК (со напомена дека телефонот е одземен како доказен материјал)што ни дава право да го потенцираме сето ова.

……

Во конкретнта сообракајна незгода,а и во останатите кои с е предмет на обвинението, вештите лица имаа неможност да извршат вештачење на самите возила туку тоа е сторено врз основа на постоечкиот материјал мегу кој и фотоалбумот,и истите појаснија дека се можни отстапувања во процентуален износ од плус,минус 10 % ако се анализира изготвено вештачење направено на фотографии од една страна,наспроти изготвено вештачење на предметните возила од друга страна,ако се земе во предвид дека тие ја немаат на увид кроки скицата,тука се поставува логичко прашање-ако тие како професионалци во својата кариера,не можат врз основа на тие 10 -15 плус или минус отстапувања на едниот начин на вештачење  во однос на другиот начин на направено вештачење.

>> Завршниот збор целосно можете да го проследите тука.