/Прочитано:

2.589

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: K.бр 2927/15

СУДЕЊЕ

Почеток: 26.10.2015

Судија: Татјана Михајлова

Обвинет:

  • Миле Хаџиски

Миле Хаџиски

Миле Хаџиски, обвинетиот за убиството Мери Јошевска, што во 1994 година се случи во скопски Аеродром, по речиси дваесетина години бегство, во декември 2015 година беше осуден на 20 години затвор од Основниот суд Скопје 1. 

mile-hadziski-3-g-nas.jpgПресудата на Основниот суд Скопје 1  беше трета пресуда за Хаџиски. Тој во 1994 година, една година по убиството, од Окружниот суд во Скопје беше осуден на 15 години затвор, но се жалеше на пресудата и поради одредени пропусти во истрагата, предметот беше вратен на повторно судење. Тогашната регулатива не дозволуваше притворот да биде подолг од 90 дена, па Хаџиски беше пуштен да се брани од слобода, но по неколку рочишта,  избега од земјава. Судењето продолжи во негово отсуство по што во  1997 година беше осуден на 20 години затвор.  Во 2012 година година тој беше уапсен Швајцарија под сомнение дека е дел од криминалната група „Пинк Пантер“, но успеа да побегне од тамошниот затвор и повторно да се врати во Франција каде беше уапсен и екстрадиран во Македонија. По екстрадирање, на негово барање судењето почна одново.

Во текот судењето Хаџиски не призна вина. Тврдеше дека убиството има друга позадина и дека е 99 отсто сигурен дека не е извршител на монструозниот чин, туку дека го убедиле дека тој ја имал главната улога.

„Мери повеќе не е меѓу нас, не можам да ви ја опишам мојата тага и болка и товарот со којшто сум живеел сиве овие години. Кога би можел, би го заменил своето место со неа. Ги разбирам тешките зборови на нејзиното семејство упатени кон мене. Знам дека тие се убедени дека јас сум злосторникот, дека сум ги ограбил и дека сум отишол да пијам во кафеани, дека моето семејство го промениле законот во тоа време, само да ми се овозможи да се бранам од слобода. Ги убедија истите луѓе што ме пречекаа во полициска во 1993 година со зборовите ‘Ти ли си од Хаџиски?’ Ме присилија на различни начини да потпишам десетици документи со кои го напишаа црното сценарио, со кои ми ја дадоа главната улога и ме убедија дека јас сум го сторил убиството. Ме убедија да ја напуштам државата со заплашувања и со фотографии од весници од претепани затвореници“,  рече тој во завршните зборови.

Одбраната, пак, тврдеше дека бил непресметлив за време на убиството и дека има многу пропусти во истрагата.

„За да го прекине конфликтот со убиената сакал да замине, но бил вратен од незје. Здобиениот удар во половиот орган, му го прекинало рационалното размислување, тој афект ја блокирал неговата свест и предизвикал непресметливост. Факт е дека обвинетиот западнал во непресметлива состојба и во таква состојба не постоела  способност за правилно расудување обвинетиот да управува со своите дејствија… Добрите односи кои двајцата ги имале претходно не укажуват на мотив дека имала умисла да ја лиши од живот“, рече адвокатот Јован Митриновски.

Според Обвинителството, на 18 јуни 1993 година Хаџиски на свиреп начин и од користољубие со умисла ја убил дваесет и едногодишната Јошевска, а потоа украл накит од нејзиниот дом. Според обвинителството, тој најпрвин почнал да ја дави Јошевска, при што и ја скршил подјазичната коска, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по главата. Потоа со кујнски нож, кој го носел со себе и задал десетици убоди во градниот кош. Тој исто така употребил и нож, што го нашол во станот, па продолжил да ја боде. Истрагата утврдила дека секој од 40-те убоди сам по себе не бил смртоносен и дека жртвата очајнички се бранела, но, за жал, не успеала да се одбрани. Таа поради внатрешно и надворешно крвавење, кое настанало како резултат на добиените повреди, починала на самото место. Хаџиски беше уапсен вечерта по убиството во едно скопско кафуле.

Миле Хаџиски  во меѓувреме, додека бил во бегство, поминал петнаесет години во француската Легија на странци каде добил и нов идентитет, неговото ново име било Зоран Томановиќ. Под името Томановиќ ја запознал својата сопруга со која има две деца во Франција, но таа според неговото сведочење, за неговиот живот во Македонија и неговото име дознала кога тој бил уапсен во Швајцарија.

Тек на судењето: