/Прочитано:

3.087

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд 1 Скопје

Бр. на предмет: К.Бр 3764/11

СУДЕЊЕ

Почеток: 04.05.2012г.

Судија: Судија Aлександра Ристеска (претседавач)

Обвинител: Елизабета Соколова

Обвинети:

  • Петар Маневски
  • Стефан Гелов
  • Д.Т

Мухамед Али Јашари

Обидувајќи се да го заштити другарот, матурантот Мухамед Али Јашари заврши трагично поради удар од камен во градите во дворот на средното градежно училиште „Здравко Цветковски“, во април 2011 година. Според обвинението, Јашари го изгубил животот во обид да му помогне на својот другар кој влегол во тепачка со три други лица на возраст од 17 до 19 години против кои се води/ше судска постапка.

Во мај 2013 година беше донесена првостепена пресуда со која првообвинетиот Петар Маневски доби 13 години затвор за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици, второбвинетиот Стефан Гелов доби 4 месеци затвор за за загрозување со опасно орудие при тепачка и караница, а за тогаш малолетниот Доријан Тасевски, согласно Законот за малолетничка  правда постапката беше запрена бидејќи тој веќе издржуваше 2- годишна затворска казна за тешка кражба во малолетничкиот затвор во Охрид. Скопска Апелација, како и Врховниот суд на РМ ја потврдија пресудата, но за Маневски, кој во текот на судењето стана недостапен за органите на прогонот, а подоцна е приведен, почната е нова постапка.

Јашари немал срцева аномалија, но имал капкасто срце

Според Јавното обвинителство, причина за смртта е ударот од камен. Вештачењето изнесено во текот на постапката покажа дека на смртта влијаела специфичната состојба на срцето на Јашари во науката познато како капкасто срце. Раководејќи се од доказите и прибавените податоци за фактите во текот на истрагата, по стручната анализа и примената на правните норми прилагодени кон прибраните докази, обвинителството одлучило дека Маневски треба да одговара за нанесување тешка телесна повреда  со смртни последици, а не за убиство.

Tек на судењето