/Прочитано:

472

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА: Завршен збор на бранителот Соња Петрушева за Перо Јосифовски

Случај: МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА Завршен збор: Соња Петрушева , бранител на Перо Јосифовски

Почитуван Суде, почитувани присутни дами и господа, одбраната на обвинетиот Перо Јосифовски на денешната главна расправа по кривичниот предмет бр.2164/14 во смисла на член 394 од ЗКП ги дава следниве завршни зборови во врска со Обвинителниот акт и неговото прецизирање со преквалификација извршено на рочиштето на ден 06.03.2014 година.

Оваа кривична постапка започна како еден голем медиумски настан и шоу на надлежните институции, по нивна иницијатива и истата се води без притоа да се има во предвид реалната состојба. Без да се ценат доказите на одбраната во текот на постапката, преку магла на докази, обвинителството има за цел да создаде привид во медиумите и јавноста дека виновниците се најдени наспрти фактот наведен во Обвинителниот акт дека предметите се одземени од н.н сторители односно непознати лица. Текот на постапката како што наведов и во воведниот говор требаше да послужи како патоказ за пронаоѓање на тие н.н. сторители,  меѓутоа трудот на обвинителство таков резултат на покажа, бидејќи сторителите и во прецизираниот о.акт останаа непознати.

Со ова судење и целиот тек на постапката започнувајќи од првиот ден на притворот неспорно е дека преку институциите на системот се врши интелектуална репресија над обвинетиот Перо Јосифовски и над останатите обвинети/кустови во оваа сала кои со својот труд работат и истрајност и пожртвуваност од 80 години па навака , постојано вработени во Музејот на МК придонесоа за збогатување на културното богатсво на РМ и формирање на музејска поставка денес изложена во Археолошкиот Музеј на МК, кои предметит преставуваат гордост на МК при изложбите, а ВОЕДНО истите се предмет на обвинение. Од ова произлегува контардикторноста на самиот Об.акт и неговото прецизирање и намерата да не се цени трудот на оние коишто придонеле за таква гордост.

Во текот на целата кривична постапка, ниту еден од сведоците предложени од страна на Јавното обвинителство не го даде посакуваните одговори коишто сакаше да ги слушне обвинителството, порадишто истите тие сведоци беа предложени и како сведоци на страна на одбраната. Истовремено сведоците кои беа предложени од страна на одбраната согласно своите академски познавања за областа нумизматика дадоа јасно и прецизно видување на состојбите кои во секој случај останаа неценети од страна на обвинителството. Само ќе потенцирам дека станува збор за сведокот Академик Вера Битракова. Истовремено останаа непочитувани и стручните наоди доставени од страна на вештите лица ангажирани од страна на јавното обвинителстви, чиишто наоди и мислења со од делот на нивната стручност како лица вработени во нумизматичкот музеј на Народната Банка на Република Македонија, исто така останаа неценети и непочитувани при прецизирањето на Обвинителниот акт.

 Самото обвинение и неговото прецизирање по својата содржина не ја даваат причинско последична и логична целина во дефинирањето на дејствието на извршување така што противправноста како конститутивен елемент на бититето на ова дело не произлегува од описот на дејствијата на извршување кои му се ставаат на товар на  об.Перо Јосифовски.  Кривичните дела кои му се ставаат на обвинетиот Перо Јосифовски не се кривични дела по својата содржина, бидејќи видно од описот на истите во о.акт, од нив не произлегува општествена опасност според дејствијата на извршување. Општествената опасност по самата своја содржина претставува посебен материјален елемент за постоење на одредено кривично дело, што во конкретниов случај не беше докажано од страна на Обвинителството дека постои. Притоа не се ценеше ниту од кривично правен аспект незначителната општествена опасност која претставува основа за исклучување кр.правна одговорност, што беше потврдено и од исказите на сведоците на испекциоскиот надзор при нивното сосолужување на расправа од ден 02.03.2015 година и доказот извештај за извршен инспекциски надзор изврешен во перидот од 11-20.11.13, заведен на ден 21.11.2013 година од страна на Управата за заштита на културно наследство. Истите овие сведоци, како сведоци на обвинителството наведоа дека од забелешките наведени во инспекцискиот надзор истите преставуват ПРЕКРШОК, а не кривично дело. Од последно наведеното произлегува дека во Ообвинителниот акт и неговото прецизирање не е сфатена првенствено суштината на поимот на кривично дело. Поради тоа на сите овде присутни  ќе треба да им ја појаснам разликата помеѓу материјаниот  формалниот поим на кривично дело. Материјалниот поим во себе ја инкорпорира општествената опасност опасност како посебен матријален елемент за постоење на кривично дело што во конкретниот случај го немаме, а формалниот преставува една обична дефиниција на кр.дела во законот, што во конкретниот случај го имаме како препишана обична одредба од законот.

Поради сето горенаведено на Насловниот Суд му посочувам со особено внимание да пристапи кон оцена на сите докази подеднакво предложени од страна на сите учесници во постапката, со примена на начелото на контрадикторност, а според принципот на непристрасност, објективност,  еднаквост и еднаков третман на сите учесници во постапката и да не дозволи да се оправда неоткривањето на непознатите сторители…

>> Завршниот збор интегрално можете да го проследите тука.