/Прочитано:

517

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА: Завршен збор на бранителот Светлана Савиќ за Златко Видески

Случај: МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА Завршен збор: Светлана Савиќ , бранител на Златко Видески 


По изведувањето на предложените докази, како оние од страна на обвинителството, така и на оние од страна од одбраната, сметав дека обвинението ќе претрпи сериозни измени, како по однос на околноста кој е сторител на кривичните дела кои му се ставаат на товар пред се, на обвинетиот Златко Видевски, така и по однос на описот на дејствијата, за кои е поднесено обвинение. Но, пребогатата доказна постапка, изведените безброј докази како да не допреа до обвинителството, што го оправда моето сомнение изнесено во воведниот збор дека обвинението треба да претставува параван со кој треба да се покрие несоодветното работење на органите на прогонот и нивната немоќ да ги најдат сторителите кои противправно ги присвоиле предметите сопственост на НУ Музејот на Македонија, иако за тоа имале доволен број на индиции, а ова го тврдам и за обвинението, па со овој настан би требало на некој начин да се покрие овој чин, а при тоа спротивно на изведените докази, определени учесници да бидат привилегирани колку што тоа допушта постапката.

Обвинението спрема Златко Видевски, не е многу изменето, и истото наведува дека постапувал спротивно на член 17 од Правилникот за заштита на движното културно наследство и користење на музејскиот материјал, музејските предмети и музејската документација, на начин што, дозволувал во депоата да влегуваат вработени во музејот, лица ангажирани по договор за дело, студенти, како и други лица без посебни писмени овластувања за влегување во депо и дозволил клучевите од депоата да бидат користени од надворешни соработници и други вработени, без присуство на ракувачот на депото и без присуство на кустосот задолжен за предметите, како последица на што одземени се предмети од Збирките на археолозите Мила Шурбановска, Горан Санев, Лидија Блажевска, Цоне Крстевски и Златко Видевски. Ова воопшто не произлегува од изведените докази. Укажавме, а тоа се покажа и основано дека предметите кои се наведени во обвинението од Збирката на Исар Марвинци се наоѓале во музејот до 16.10.2013 година, што произлезе од доказите кои одбраната ги предложи и тоа: материјални докази, слајдови од изложби одржани во Музејот, од кои се гледа дека златните предмети од Збирката на Исар Марвинци биле дел од постановките на музејот и се наоѓале во истиот. Исто така и Збирката на Цоне Крстевски кој отишол во пензија, па е извршена ревизија и примопредавање на истата  за која постои писмен записник и за која дадоа свои искази сведоците членови на оваа комисија, а кое примопредавање било извршено во месец март 2013 година.

Дел од предметите, кои се снимани на ден 16.10.2013 год, а кои недостасуваат, од изведените докази се утврди дека биле во Музејот овој ден, биле снимани и вратени во депото од археологот Перо Арџанлиев, во присуство на ракувачот на депо Софка Кушевска и во присуство на надворешните соработници Злата Блажевска и Цветанка Вучкова, а тоа беше и потврдено со видео снимката од камерата број 13, која овој суд ја изведе како доказ на Записник за главна расправа од 17.11.2014 година и на Записникот од дополнение на доказната постапка од……. по однос на камера 13 за ден 16.10.2013 година,  за активностите и превземените дејствија тој ден, а истото е потврдено во депојната книга. Од овој период, од наредниот ден, Златко Видевски и Злата Блажевска веќе биле на терен и не се вратиле во музејот до крајот на тој месец. Ако не бил Златко Видевски во овој период и ако надворешните соработници не биле во Музејот во овој период, што е неспорен факт, бидејќи проектот веќе бил завршен, укажува на неможноста да тој пуштал лица кои не требал да ги пушти, па поради тоа да дошло до оттуѓување на предметите. Овој факт произлегува и од дадената дозвола и од Управата за заштита на културно наследство до 18.10.2013 година изведена како доказ.

Во Музејот на Македонија постојат: Трезор, Античко депо, Праисториско депо и т.н Депо сали, која е работна просторија за проектот Исар Марвинци и е формирана во март 2013 година за потребите на овој проект, а не ги задоволува критериумите да биде депо.

Тврдевме, а тоа и се потврди во оваа постапка, дека Златко Видевски воопшто немал клуч од Античкото и Праисториското депо што произлегува од потврдите за одземени предмети, каде од него не се одземени клучеви од овие депоа, како од исказите на сослушаните археолози Стојановски Михаил, Џидрова Љубинка, Јане Клековски и Цоне Крстевски, како и исказот  на обвинетата Софка Кушевска, даден при вкрстеното испитување даден на расправа од 02.02.2015 година…

>> Завршниот збор интегрално можете да го проследите тука.