/Прочитано:

2.232

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: КОК-124/15

Судија: Диана Груевска-Илиевска

Обвинител: Владимир Милошевски

Обвинет:

  • Зоран Заев

„Поткуп“

Во Кривичниот суд во Скопје се води процесот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

По кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во јуни 2015 година поднесе обвинителен акт против Заев.

Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163 924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Според обвинението, едната половина од партите била за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

На рочиштето за оцена на обвинителниот акт, што се одржа во јули минатата година, одбраната го оцени обвинението како контрадикторно, правно неиздржано и тенденциозно.

„За да стане збор за обвинение за поткуп, треба да биде примен подарок. Одземањето на корисничкото право на користењето на градежното изградено земјиште не е дејствие што е во рамките на службените овластувања на Заев како градоначалник, туку е во надлежност на Министерството за финансии, односно на Управата за имотно-правни работи. Очигледно е дека при поднесувањето на обвинението имало тенденција осомничениот да се товари за што потешка правна квалификација“, рече адвокатот Филип Медарски.

Застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски, кој смета дека постојат доволно докази за Судот да донесе осудителна пресуда за Заев.

Тек на постапката