/Прочитано:

374

„Ровер“: Завршен збор на бранителот Мартин Петров за Ивица Ристиќ

Случај „Ровер“

Завршен збор: Мартин Петров, бранител на обвинетиот Ивица Ристиќ


Пред да започнам со изнесувањето на завршните зборови за овој кривично правен настан, ќе апострофирам дел од диспозитивот на обвинителниот акт, а кој се однесува на обвинетиот Ивица Ристиќ „кој со умисла им помогнал да влезат“…Од описот како обвинителот го товари Ивица Ристиќ, не произлегува дека е извршено кривичното дело кое му се става на товар како помагачко дејствие. Се вели со умисла ги внел, поради што се добива впечаток како да обвинетиот чекал на илегален граничен премин, и нудел услуга спрема кој било лица кои имале намера да влезат на територијата на РМ.

………………………………

Обвинителот по однос на обвинетиот Ивица Ристиќ оперира со претпоставки, а тие не можат да бидат основ за обвинението. Претпоставките вообичаено претставуваат основ за преткривична постапка или евентуално во фаза на истрага, но не и основ за обвинение во оваа фаза на кривична постапка. Во обвинението како сторители се наведуваат лица кои припаѓаат на високи полициски структури, а кое нешто укажува на тоа дека Ивица Ристиќ не припаѓа ниту пак се вклопува во тие структури, особено неговиот статус на кафанџија е минорен и никој и никако од тие структури не би се потпрел на таква личност. Таквите личности од таквите структури се доволно авторитетни да овозможат нелегален премин на легален граничен премин. 

>> Завршниот збор целосно можете да го проследите тука.