/Прочитано:

3.872

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: КО.Бр 2917/12

СУДЕЊЕ

Почеток: 11 декември 2012г.

Судија: Илија Трпков (претседавач)

Обвинител: Лидија Раичевиќ-Вучкова

Обвинети:

  • Предраг Чубрило - доживотен затвор
  • Милан Илиќ - доживотен затвор
  • Милорад Ковачевиќ - доживотен затвор
  • Вук Вукичевиќ - 15 затвор
  • Сашко Јовановски - 7 години затвор
  • Ивица Ристиќ - 7 години затвор
  • Љубе Бошковски - 10,5 години затвор
  • Зоран Трајковски - 8,5 години затвор
  • Никола Негриевски - 5,5 години затвор
  • Гоце Митровски - 5,5 години затвор

„Ровер“

Предметот за случајот „Ровер“ се однесува на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во во Скопје, во јули 2001 година. Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година, во повторена постапка донесе пресуда со која повторно ги прогласи сите десетмина обвинети за виновни. Имено, поранешниот министер за внатрешни работи  Љубе Бошкоски  за помагање на убиство доби 10,5 години затвор, Зоран Трајковски доби 8,5 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 7 години затвор, додека на Гоце Митревски и Никола Негриевски им беа изречени затворски казни од 6 години затвор.  Првите тројца обвинети, пак, кои според Обвинителството се директните извршители на убиството, во отсуство беа осудени  на доживотна казна затвор. Четвртообвинетиот Вук Вукичевиќ, исто така странски државјанин на кого му се судеше во отсуство, за помагање доби 15 години. Судскиот совет на чело со судијата Илија Трпков, кај обвинетите за помагање не утврди умисла за убиство на Киро Јанев, туку само на Марјан Тушевски.

Убиство и помагање на убиство – се делата за кои се товарат десетмината обвинети. Од нив, според обвинителството, тројца се директни извршители на двојното убиство, а останатите помогнале за да се случи. Љубе Бошковски, поранешниот министер за внатрешни работи на РМ е седмообвинет. Тој се товари за помагање на убиство, односно дека му одобрил на сега починатиот Орце Коруновски да го лиши од живот Маријан Тушевски, притоа му ветил дека никогаш нема да поведе истрага против него.

Обвинетите Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ во обвинението се посочуваат како платени убијци кои биле најмени од трето лице за да извршат ликвидација на Марјан Тушевски. Според обвинението, овие лица влегле во Република Македонија со посредство на обвинетиот Ивица Ристиќ. Пред убиството, како што се наведува во актот, во најмен стан претстојувале отприлика еден месец. Потоа, според обвинението, обвинетиот Зоран Трајковски, тогашен шеф на обезбедување на министерот Бошковски, ги прераспоредил останатите обвинети кои се тогашни инспектори во Одделот за набљудување и документирање при МВР. Нив, обвинителството ги гони како лица кои знаеле информации за убиството, но не презеле ништо. 

Обвинителство: Бошковски дал амин за убиството на Марјан Тушевски

Според обвинението, тогашниот министер Бошковски бил во пријателски односи со сега починатиот Орце Коруновски, кој истиот пак имал меѓусебни расправии и тепачки со Марјан Тушевски поради бизнис интереси за стриптиз барови и дискотеки во Скопје. Обвинителството наведува дека Бошковски директно му дал одобрување на Коруновски да го лиши од живот Тушевски и му ветил дека ќе го прикрие убиството. 

Во завршни зборови, Oбвинителството се откажа од гонење на 5 обвинети, тогашни помлади инспектори во Секторот за набљудување и документирање при МВР, поради недостиг на докази против нив.

Хронологија:

Јули, 2013 година – Судскиот совет ги прогласи сите обвинети за виновни и им одредува затворски казни, и тоа: Предраг Чубрило – доживотен затвор; Милан Илиќ – доживотен затвор; Милорад Ковачевиќ – доживотен затвор; Вук Вукичевиќ – доживотен затвор; Сашко Јовановски – 8 години затвор; Ивица Ристиќ – 8 години затвор, Љубе Бошковски – 12 години затвор; Зоран Трајковски – 10 години затвор; Никола Негриевски – 6 години затвор; Гоце Митровски – 6 години затвор.

Април, 2014 година – Апелациониот суд Скопје ја укинува пресудата  со образложение дека биле направени низа пропусти во првостепената постапка.

Ноември, 2014 година – Првостепениот суд во нова постапка повторно ги прогласи обвинетите за виновни. Судот овојпат кај обвинетите за помагање не утврди умисла за убиство на Киро Јанев, туку само на Марјан Тушевски, па обвинетите добија нешто пониски казни. Имено, Љубе Бошкоски доби 1о години затвор, Зоран Трајковски доби 8,5 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 7 години затвор, додека на Гоце Митревски и Никола Негриевски им беа изречени затворски казни од 6 години затвор.

Октомври 2015 – По трет пат почна судењето во Основниот суд Скопје 1.

Тек на судењето