/ Прочитано:

738

Судии, обвинители и адвокати на симулирано судење согласно новиот ЗКП

Вторник, 9 јули 2013 – Започна реализацијата на дводневната обука посветена на темата: „Симулирано судење за новиот ЗКП“ која Академијата за судии и јавни обвинители ја организира во соработка со Адвокатската комора на РМ и Амбасадата на САД. 

На обуката која стартуваше вчера учествуваат судии од кривичните оддели, јавни обвинители и адвокати, како и претставници од други меѓународни проекти и организации.

Реализацијата на оваа обука е во насока на навремена подготовка на судиите, јавните обвинители и адвокатите за ефикасна примена на новиот Закон за кривична постапка, пришто во текот на двата работни дена преку презентациите на експертите од САД, но и низ практичнa вежбa – симулација на судење во која активно се вклучени сите присутни ќе бидат презентирани новите концепти за докажување и нивната имплементација согласно новиот Закон за кривична постапка, а во насока на идентификување на предностите и слабостите при постапување согласно новиот закон.