/ Прочитано:

1.571

Судиите бараат дијалог со надлежните институции за изнаоѓање на решение за платите во судството

Управниот одбор на Здружението на судии усвои работен документ „Анализа за состојбите со финансирањето на судството, платите, пензионирањето и други статусни прашања на судиите“.

Тргнувајќи од постојаните залагања на ЗСРМ, велат од Здружението, а во однос на заштитата на достоинството и угледот на судијата и судиската функција, како и заштитата на материјалните и професионалните интереси на судиите, а во согласност со заклучоците од последното Собрание, Управниот одбор усвои работен документ „Анализа за состојбите со финансирањето на судството, платите, пензионирањето и други статусни прашања на судиите“.

„Во согласност со горните начелни определби, а во контекст на последните зголемувања на платите во Јавното обвинителство, претседателот на Здружението, на 13.3.2017 година, оствари средба со министерот за правда, на која беше побарано објаснување за покачувањето на платите во Јавното обвинителство и истовремено беше пренесено незадоволството на судиите за состојбите со платите и нивната несразмерност со платите во Јавното обвинителство“, велат од Здружението на судии.

„Во согласност со заклучок на седницата на Управниот одбор одржана на 17.3.2017 година, претседателот на Здружението по писмен пат се обрати до претседателот на Врховен суд на РМ, претседателот на Судски совет на РМ и Судски буџетски совет и министерот за правда на РМ, со барање во рамките на нивните законски надлежности да преземат соодветни дејствија, со цел да се отвори вистински дијалог помеѓу надлежните институции и Здружението, заради изнаоѓање на соодветно решение за платите во судството“, додаваат од Здружението.

Судиите бараат од министерот за правда да се реши проблемот со платите на судиите

M.В