/ Прочитано:

2.271

Судиите и обвинителите на советување: „Нужна одбрана и крајна нужда“

Петок, 23 јануари 2015 – Во согласност со Каталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска во своите простории организира советување на тема „Нужна одбрана и крајна нужда“.

Советувањето е наменето за судии од кривичните оддели и за јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Во рамките на советувањето свои излагања ќе имаат: Лидија Раичевиќ-Вучковајавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и  Гордана Гешковска, јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.