/ Прочитано:

659

Судиите и обвинителите на Советување за мерката притвор согласно Европската конвенција за човекови права

Четврток, 25 декември 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, денеска и утре, организира советување на тема „Мерката притвор во согласност со Европската конвенција за човекови права  и судската пракса на Европскиот суд за човекови права“.

„Советувањето е наменето за судии од кривичните оддели и јавни обвинители од апелационите подрачја“, известуваат од Академијата.

На советувањето, предавачи ќе бидат: Зуица Наумова, судија на Апелациониот суд Скопје, Гордана Гешкоска, јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје и Костадин Богданов, директор на бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.