/ Прочитано:

787

СУДИИТЕ НА СОВЕТУВАЊЕ: „Примена на правото на ЕУ во Република Македонија во претпристапниот период“

Среда, 21 мај 2015 – Во согласност со Каталогот за задолжителна континуирана обука за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска во своите простории организира советување на тема: „Примена на правото на ЕУ во Република Македонија  во претпристапниот период“.

Советувањето е наменето за  судии од апелационите подрачја Гостивар и Скопје.

Во рамките на советувањето свое излагање ќе има проф. д-р Сашо Георгиевски, редовен професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.