/ Прочитано:

805

Судиите од апелационото подрачје Гостивар на работилницa за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Четврток, 29 јануари 2015 – Во согласност со Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира  работилница на тема: „Слобода на изразување и право на приватен живот (член 10 и 8 од ЕКЧП)/Примена на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“ во просториите на Основниот суд Гостивар.

Дводневната работилница, која почна вчера, а продолжува денеска,  е наменета за судиите од граѓанските оддели на судовите од апелационо подрачје Гостивар кои постапуваат во случаите на граѓанска одговорност за навреда и клевета

Излагања поврзани со темата на работилницата ќе имаат Лидија Тасева, судија на Врховниот суд на Република Македонија,  Лидија Димчевска, судија на Апелациониот суд Скопје, Костадин Богданов, директор на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права и Даница Џонова, исто така од Бирото.

Темите што ќе бидат опфатени во рамките на работилницата се следните:

-Примена на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (досегашна судска практика, лоцирани проблеми во примената);

– Примена на членот 10 и членот 8 од ЕКЧП во одлуки на судот со посебен осврт на образложенијата на одлуките  (Анализа на случаи од судската практика низ дискусија со учесниците);

– Практиката на Европскиот суд за човекови права во врска со примената на членот 10 и членот 8 од Европската конвенција за човекови права.