/ Прочитано:

761

Судиите од Апелационото подрачје Гостивар на Советување: „Етика / Судир на интереси“

Среда 25 март 2015 – Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска организира советување на тема: „Етика/Судир на интереси“, кое ќе се одржи во просториите на Основен суд Гостивар.

Советувањето е наменето за судии и јавни обвинители од Апелационо подрачје Гостивар.

Во рамките на советувањето свое излагање ќе имаат: д-р Милка Ристова, судија на Врховен суд на Република Македонија во пензија и Фарије Алиу, член на Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:

  • Судир на интереси
  • Судиската етика и слободното судиско убедување