/ Прочитано:

2.739

Судијата Иван Џолев даде свечена заклетва како нов претседател на Кривичниот суд

Судијата Иван Џолев, денеска како нов избран претседател на Кривичниот совет, даде свечена заклетва пред Судскиот совет на Република Македонија.  Судскиот совет на Република Македонија на седницата од 8 ноември го избра Иван Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1. На оваа седница беше констатирана оставката на в.д. претседателот на скопскиот Кривичен суд, Стојанче Рибарев, кој поднесе оставката поради здравствени причини.

Во Законот за судовите се определува дека претседател на суд се избира од редот на судиите на Република Македонија, под услови, во постапка и на начин како што се врши избор за судија во соодветниот суд. Претседателот на судот се избира за време од четири години, со можност повторно да биде избран на истата функција уште четири години. Претседателот на судот има статус и функција на прв судија на соодветниот суд. Претседателот на судот ги врши работите од делокругот на судската управа, ја организира работата, раководи и управува со судот.

Судијата Иван Џолев – нов претседател на Кривичниот суд

М.В