/ Прочитано:

1.275

Судот закажа судење за еден од обвинителните предлози на СЈО во ноември

Лицата опфатени во обвинителниот предлог се осомничени за сторено кривично дело насилство за протестите пред Општина Центар во 2013 година.

Основен суд Скопје 1

Првиот случај на Специјалното јавно обвинителство ќе влезе во судница на 21 ноември. Како што информираат од Кривичниот суд, судечкиот судија, кај кого бил распореден обвинителниот предлог на СЈО против 14 лица, веќе го оформил предметот и закажал судење.

„Со оглед на распоредот на претходно закажани судења на судијата кој постапува по притворски предмети, а и поради големиот број на обвинети опфатени во овој предмет, главната расправа е закажана за 21.11.2016 година, во 10:00 часот, за кога се испратени покани до странките во постапката, заедно со примерок од обвинителниот предлог“, велат од Судот.

СЈО го поднесе обвинителниот предлог против 14 лица до Судот на 15 септември, односно на годишнината од своето формирање.

Лицата опфатени во обвинителниот предлог се осомничени за сторено кривично дело насилство за протестите пред Општина Центар во 2013 година.