/ Прочитано:

1.187

Судската заштита на укажувачите кои пријавуваат загрозување на јавниот интерес

Среда, 18 ноември 2015 – Со Законот за заштита на укажувачите се уредуваат заштитеното пријавување, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитено пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите.

Заштитено пријавување 

Заштитено пријавување во смисла на Законот за заштита на укажувачите е пријавување со кое согласно со овој закон се пренесува разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес.

Како се дефинира јавниот интерес?

Јавниот интерес се дефинира како заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот на Република Македонија, спречување на ризиците за здравјето, одбраната и безбедноста, заштита на животната средина и на природата, заштита на сопственоста и на слободата на пазарот и претприемништвото, владеење на правото и спречување на криминалот и корупцијата.

Категории на лица кои можат да се јават во својство на укажувачи

 Категории на лица кои можат да се јават во својство на укажувачи се: – лицe коe има засновано работен однос на неопределено или определено време во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; – кандидат за вработување, кандидат за волонтер или практикант во институцијата односно правното лице за каде пријавува; – лице кое е или било волонтер или практикант во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; – лице кое по било кој основ е или било ангажирано за извршување на работа од институцијата, односно правното лице за каде пријавува; – лице кои по било кој основ е или било во деловен однос или друг однос на соработка со институцијата, односно правното лице за каде пријавува; – лице кое користи или користело услуги во институцијата, односно правното лице во јавниот и приватниот сектор за каде пријавува.

Укажувачот има право на судска заштита 

Со  Законот на укажувачот и на нему блиско лице им се обезбедува заштита од било каков вид на повреда на право или штетно дејствие  или опасност од настапување на штетни дејствија заради извршеното заштитено внатрешно и надворешно пријавување или заштитено јавно пријавување.

Постапката ја покренува укажувачот со тужба пред надлежен суд. Во случај на спор за постоење повреда на право на укажувачот и на негово блиско лице заради пријавување, товарот на докажување е на страна на институцијата, односно правното лице кое ги повредило правата на укажувачот и на членовите на неговото семејство.

Судска заштита

Укажувачот има право на судска заштита пред надлежен суд согласно закон. Укажувачот може пред надлежен суд со тужба да побара: утврдување  дека е преземено штетно дејствије или е повредено право заради укажување; забрана на вршење на штетно дејствие или повреда на право и повторување на штетно дејствие или повреда на право; поништување на акт со кое е извршено штетното дејтвие или повреда на право; отстранување на последиците од штетно дејствие или повреда на право; надомест на материјална и нематеријална штета. Постапката по тужбата е итна. Во постапката за судска заштита во врска со пријавувањето дозволена е ревизија.

Товар на докажувањето

Во случај на спор за постоење повреда на право на укажувачот и на негово блиско лице заради пријавување, товарот на докажување е на страна на институцијата, односно правното лице кое ги повредило правата на укажувачот и на членовите на неговото семејство.

Ништовност на одредби во договори и акти

 Одредбите во договорите и актите со кои се склучуваат, односно уредуваат работни односи и работни ангажмани, со кои се забранува пријавување на сомневање или сознание за казниво  дело или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес, безбедноста и одбраната или пак таквото пријавување се дефинира како прекршување на одредби за доверливост, лојалност и професионалност се сметаат за ништовни.

Надомест на штета

Укажувачот има право на надомест на штета што може да ја претрпи тој или нему блиско лица поради заштитено пријавување.Барањето за надомест на штета се остварува со поднесување на тужба до надлежниот суд.

АГОРА СЕСИЈА за владеењето на правото – за ефикасно справување со корупција потребен е закон за заштита на „свиркачи“ Укажувачите на корупција ќе се штитат со закон – предложени нови мерки за борба против корупцијата М.В