/ Прочитано:

2.361

Судскиот совет донесе Одлука за формирање на комисии за редовно оценување на работата на судиите

Судскиот совет на Република Македонија денеска објави соопштение во врска со одржаната 250. седница.

Како што посочува Судскиот совет, покрај констатирањето на престанокот на функции на судски поротници во Апелациониот суд Скопје и Основниот суд во Ресен и донесувањето одлука за избор на нови судии поротници во овие судови, Советот донел и Одлука за формирање на комисии од редот на членовите на Советот за редовно оценување на работата на судиите и претседателите на судовите во Република Македонија, за 2015 и 2016 година.

Исто така, се вели во соопштението, донесена е и Одлука за утврдување на ориентацискиот број предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните судови, апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Македонија

На седницата, велат од Судскиот совет, констатиран е и престанок на функцијата судиja поротник на Основен суд Делчево за Димитрина Марковска, по нејзино барање и констатиран е престанок на функција на судии поротници во Основен суд Скопје 1 Скопје, по сопствено барање.

„Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиска функција на судија Сузана Спасова од Основен суд Кочани во Основен суд Делчево, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

M.В