/Прочитано:

932

Судското рочиште за предметот „Тврдина 2“ е одложено за 23 мај

„Главната расправа за предметот со К.бр. 1905/16 во кој 7 лица се обвинети од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за кривичното дело фалсификување службена исправа, закажана за денеска, беше одложена бидејќи не беа присутни еден од адвокатите, како и првообвинетиот за кој одбраната достави медицинска документација дека поради здравствени причини е спречен да присуствува на денешната расправа“, се наведува во соопштението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска беше одложено рочиштето за предметот на СЈО, „Тврдина 2“, по барање на одбраната на обвинетиот Горан Грујовски, поранешен началник на Управата за безбедност и контраразузнавање, за кој беше соопштено дека е отсутен поради здравствени проблеми.

„Главната расправа за предметот со К.бр. 1905/16 во кој 7 лица се обвинети од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за кривичното дело фалсификување службена исправа, закажана за денеска, беше одложена бидејќи не беа присутни еден од адвокатите, како и првообвинетиот за кој одбраната достави медицинска документација дека поради здравствени причини е спречен да присуствува на денешната расправа. Следната главна расправа е закажана за 23 мај во 10 часот“, се наведува во соопштението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Одбраната нагласи дека не е првпат Грујовски да отсуствува поради здравствени проблеми, бидејќи има хронична болест, потенцирајќи притоа дека со тоа било запознаено и Обвинителството. 

Претходното рочиште за овој предмет, кое беше закажано на 13 март, беше одложено поради отсуство на судијката Лидија Петровска, а причината беше боледување.

Предметот „Тврдина 2“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство се однесува на уништување на документацијата во врска со системите од незаконското прислушување. Осомничени се седум лица, односно поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујовски и уште шест вработени во УБК, кои се товарат за незаконско уништување на документација која била потребна во истрагата за откривање на начинот на кој Петтата управа на МВР вршела прислушување.

А. Б.