/ Прочитано:

1.754

СВЕТСКИ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ: Дневно околу 43 000 луѓе бегаат од своите домови барајќи заштита надвор од територијата на својата држава

Меѓународното бегалско право е дел од меѓународното право кое се занимава со правата и заштитата на бегалците. Тоа содржи правно-обврзувачки норми, меѓународни правни инструменти со кои се уредуваат прашањата поврзани со бегалците. Меѓународниот инструмент за уредување на ова право е Конвенцијата која се однесува на статусот на бегалците од 1951 година, донесена од Обединетите нации и Протоколот кон оваа Конвенција, донесен во 1967 година, и досега Конвенцијата ја ратификувале 145 држави, додека Протоколот 146 држави во светот.

Бегалци

Светскиот ден на бегалците се одбележува на 20 јуни секоја година, а почетокот на неговото одбележување датира од 4 декември 2000 година, кога била усвоена Резолуцијата 55/76 со која се означува 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата која се однесува на статусот на бегалците.

Според статистиката на УНХЦР (Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации) низ светот има близу 60 милиони принудно раселени лица, а дневно околу 43 000 луѓе бегаат од своите домови барајќи заштита надвор од територијата на својата држава. Моментално, Граѓанската војна во Сирија доведе до најголемата хуманитарна криза досега, при што повеќе од 10 милиони Сиријци се раселени, што преставува 45 % од вкупното население на земјата.

Меѓународното бегалско право е дел од меѓународното право кое се занимава со правата и заштитата на бегалците. Тоа содржи правно-обврзувачки норми, меѓународни правни инструменти со кои се уредуваат прашањата поврзани со бегалците. Меѓународниот инструмент за уредување на ова право е Конвенцијата која се однесува на статусот на бегалците од 1951 година, донесена од Обединетите нации и Протоколот кон оваа Конвенција, донесен во 1967 година, и досега Конвенцијата ја ратификувале 145 држави, додека Протоколот 146 држави во светот.

Покрај Обединетите нации, бројни меѓународни тела низ светот имаат донесено регионални инструменти со кои се уредува ова право. Така, на пр. во 1966 година, Азиско-африканскиот правен комитет ги усвоил Бангкокшките принципи за статусот и третманот на бегалцитеBangkok Principles on Status and Treatment of Refugees, во 1984 година донесена е Декларацијата од Картагина, наменета за Латинска Америка, во 1976 година Советот на Европа ја донел Препораката 773 за статусот на бегалците, во 2004 година Советот на ЕУ ја донел Директивата за минимум стандарди што треба да се исполнат за едно лице да биде третирано како бегалец итн.

Постојат голем број дефиниции за поимот бегалец, но како општоприфатена се смета дефиницијата во Протоколот од 1967 која ги дефинира бегалците како лица кои чувствуваат голем страв од прогон заради расна, религиска, национална причина, како и поради припадност кон одредена политичка или социјална група, лица кои се присилени да ја напуштат својата држава, оние кои немаат националност или кои се надвор од својата држава како резултат на горенаведените причини, и оние кои поради тоа немаат желба да се вратат назад во својата матична држава.

Во 1984 година група на латиноамерикански држави ја усвоиле Декларацијата од Картагина, каде што исто така го дефинираат поимот на бегалци кој според Декларацијата подразбира лица кои ја напуштиле својата држава поради опасност по своите животи, безбедност и слобода, кои насилно се третирани од надворешна агресија, внатрешни конфликти, масивно кршење на човековите права или од други околности кои сериозно го нарушуваат јавниот ред.