/ Прочитано:

1.109

СВР Струмица: Скопјани лажирале сообраќајка во Струмица

Вторник, 18 јуни 2013 – Тројца скопјани заработија кривични пријави откако во март годинава фингирале сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил во Струмица, информира СВР Струмица.

„Осомничените Ј.С. (44), С.Б. (30) и Д.М. (25) се договориле да лажираат несреќа, па така Ј.С. со автобус од Скопје тргнал за Струмица, С.Б. и Д.М. со автомобил „форд“. Кога пристигнале во Струмица пред пешачкиот премин Ј.С. излетал пред автомобилот, жалејќи се наводно на повреди во предлот на раката. Во струмичката болница му била констатирана повреда, но било откриено дека повредата не му е од сообраќајката туку ја здобил од претходно“, соопштува СВР Струмица.

По ова, СВР Струмица поднесе кривични пријави против Ј.С.(44), С.Б.(30) и Д.М.(25) за сторено кривично дело лажно пријавување на кривично дело.