/ Прочитано:

614

СВР Тетово приведе 15 осомничени за 48 кражби

Вторник, 25 март 2014 – Секторот за внатрешни работи на Тетово расчисти вкупно 48, во најголем број тешки кражби, кои минатата и оваа година се случиле на поширокото тетовско подрачје, a за кои се осомничени вкупно 15 сторители, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

„Осомничените се од селата Теарце, Доброште, Челопек и Милетино, биле поделени во три групи и се на различна возраст од 25 до 50 години. Најмногу од кражбите биле извршени во Теарце, Челопек, Брвеница и Милетино, пред се во куќи, продавници, моторни возила и на ниви и шуми во приватна сопственост. Покрај пари, златен накит и технички производи сторителите одземале и цигари, прехранбени производи, гориво, дрва и голуби кои потоа брзо им ги продавале на други лица. Многу од одземените предмети деновиве се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици додека дел се уште се бараат“, изјави портпаролот Јосифовски.

Тој посочи и оти значителен број од извршителите на овие кражби и претходно биле вклучени во вакви или други кривични дела, а против нив од страна на полицијата веќе се изготвени соодветни поднесоци.