/ Прочитано:

1.678

Термини за полагање на испит за медијатори во априлска испитна сесија

Во соопштението од Министерството за правда е наведено дека првиот дел (теоретски дел) ќе се полага на 18 април (вторник) со почеток во 10:00 часот, а вториот дел (студии на случај) кандидатите ќе го полагаат на 25 април (вторник) со почеток во 13 часот. Испитот ќе се полага во просториите на Испитниот центар АЅЅЕСО ул. „Христо Смирненски“ бр. 30, ламела 1.

Министерството за правда денеска ги објави термините за полагање на испитот за медијатори во априлската испитна сесија.

Во соопштението од Министерството за правда е наведено дека првиот дел (теоретски дел) ќе се полага на 18 април (вторник) со почеток во 10:00 часот, а вториот дел (студии на случај) кандидатите ќе го полагаат на 25 април (вторник) со почеток во 13 часот.

Испитот ќе се полага во просториите на Испитниот центар АЅЅЕСО ул. „Христо Смирненски“ бр. 30, ламела 1.

Министерството за правда информира дека за третиот дел од испитот, кандидатите ќе бидат известeни дополнително.

НАПОМЕНА: Кандидатот може да го одложи полагањето на испитот од оправдани причини, најдоцна 48 часа пред почетокот на испитот со поднесување на писмено барање за одложување на испитот до Архивата на Министерството за правда.