/ Прочитано:

4.295

Трет циклус студентски обуки – практични вежби од кривичното право

На 11 април 2017, во организација на Академик, започнува трет циклус обуки за студенти и млади правници посветени на практичните вежби од кривичното право. Обуките ќе се одржуваат во најсовремениот едукативен и тренинг центар на Академик.

На практичните обуки од областа на кривичното право ќе се говори за претходна постапка, поднесувањето обвинение, главната расправа и пресудите.

Во врска со овие прашања, на обуките и практичните вежби ќе бидат презентирани практични примери за притвор, одземање патна исправа, ограничување на дејство и движење.

На обуките ќе биде реализирана и симулација на главната расправа и практична вежба за изготвување на обвинителен акт и пишување пресуда.

Предавач на обуката ќе биде судијата Огнен Ставрев од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој има долгогодишно искуство во кривичната област, работејќи на значајни и тешки случаи од организираниот криминал.

Целта на практичните обуки за студентите по право  е да се надгради академското знаење на студентите и да се подобрат нивните практични вештини, како услов за нивно подобро профилирање во правничката професија.

(Деталите за практичните обуки за студенти можете да ги погледнете и на следниов линк)

Агенда за третиот циклус студентски обуки

  1. Претходна постапка – 11 април 2017
  • право неправо
  • постапка за пријавување
  • предистражна постапка
  • посебни истражни мерки – практична вежба за пишување барање за определување на ПИМ до судија на претходна постапка
  • истражна постапка – рокови, распити на сведоци, обвинети, вештачења и докази
  • мерки на претпазливост (практични примери)
  1. Поднесување обвинение – 20 април 2017
  • обвинение (обвинителен предлог и обвинителен акт)
  • практична вежба за изготвување на обвинителен акт
  • оценка на обвинителен акт – совет за оцена на обвинителен акт
  1. Главна расправа – 26 април 2017
  • воведен говор на јавниот обвинител и одбраната
  • симулација на главна расправа
  1. Пресуди – 3 мај 2017
  • осудителна
  • ослободителна
  • одбивателна
  • практична вежба за пишување на пресуда