/Прочитано:

2.177

Инфо за предметот

Надлежен суд: Основен суд Скопје 1

Бр. на предмет: К-бр. 32/14

СУДЕЊЕ

Почеток: 27 февруари 2014г

Судија: Џенета Бектовиќ

Обвинител: Тања Трајчевска

Обвинети:

  • Мирослав Шиповиќ
  • Трпче Трпчевски
  • Стојан Момировски
  • Ванчо Димитровски
  • Вера Видинова
  • Елена Јанева-Димова
  • Сузана Пашоска
  • Слободанчо Георгиев
  • Сузана Георгиева
  • Стојанчо Костадинов
  • Ненад Шиповиќ
  • Миле Клинчаров

„Претседавач“

Предметот за случајот „Претседавач“ опфаќа 12 лица: поранешни членови на Управниот одбор на АД „Машинопромет“, вработени во УЈП, сопственици на приватни фирми. Сите се товарат за злоупотреба на службена должност. Според Обвинителството, обвинетите прибавиле значителна корист за друг и нанеле штета на „Машинопромет“ на начин што иако знаеле дека се водат повеќе постапки за присилна наплата на даночен долг од Друштвото, како и дека од Основен суд Скопје 2 биле донесени повеќе решенија за забрана за располагање со имотот на „Машинопромет“, го обезвредниле и оттуѓиле движниот имот во вредност од 64.281.043,00 денари, а на име на даночен долг нанеле  штета во износ 17.000.003,00 денари. Случајот предизвика бурни реакции во јавност, како и протести на опозицискиот политички блок од причина што првообвинет е Мирослав Шиповиќ, претседавач на Советот на Општина Центар. Според нив, Шиповиќ е мета на политички прогон. 

Според обвинителниот акт: „Обвинетите, во периодот од 2008 до крајот на 2012 година, со искористување на службената положба и овластување, прибавиле значителна корист за друг и нанеле штета во значителен износ, на начин што иако знаеле дека се водат повеќе постапки за присилна наплата на даночен долг над Друштвото АД „Машинопромет“ и дека од страна Основен суд Скопје II Скопје, биле донесени повеќе решенија за забрана за располагање со имотот на АД „Машинопромет“, го обезвредниле, a потоа и оттуѓиле движниот имот – трговска стока на залиха, резервни делови во вредност од 64.281.043,00 денари.“

Во обвинението исто така се додава дека обвинетите Трпче Трпчевски, Стојан Момировски – како членови на Управен одбор, и Ванчо Димитровски – како претседател на Управен одбор донеле одлука нивелирање на цените на стоката која се наоѓала на залиха, како и за расходување на стоката и инвентарот, а врс основа на таа одлука обвинетиот Мирослав Шиповиќ, како претседател на Управниот одбор во 2011 година извршил продажба на стоката на Друштвото „Би-Метали“ ДОО Штип како старо железо во количина од 18.660 килограми со вредност од 264.226, 00 денари.

Обвинителството тврди дека обвинетата Вера Видиновска, пак, како член на Надзорниот одбор на АД „Машинопромет“ не презела дејствија за укажување на незаконитоста на одлуките на Управниот одбор.

Што се однесува до обвинетите, управители на фирмите „Би-Метали“ од Штип, „Ин-Ком“ ДОО, „Интеркомерц“ ДОО Штип и „Сиком Ненад“ ДООЕЛ Скопје,  Обвинителството ги товари дека на членовите на Управниот одбор им ставиле средства на располагање за извршување на кривичното дело. Имено, според ОЈО, обвинетиот Слободанчо Георгиев, управител на „Ин-Ком“, со поголем број испратници ја преземал опремата од „Машинопромет“ и истите ги сместил во магацините на  „Ин-Ком“.

По ова, како се наведува во обвинението, обвинетиот Шиповиќ до обвинетиот Стојанчо Костадинов, управител на „Би-Метали“, на име на неговата фирма испоставил фактура според која резервните делови што му биле испорачани на Георгиев се продадени како старо железо, а Костадинов ја прифатил и ја прикажал во евиденцијата на неговото друштво иако знаел дека ваква стока во неговата фирма не е испорачана.

Понатаму во обвинението се вели дека: „Георгиев од сметката на „Ин-Ком“ на сметката на Сиком на која управител е братот на првообвинетиот, Ненад Шиповиќ, исплатил вкупен паричен износ од 250.000,00 денари по основ  на цесија, кои Ненад ги прифатил, а обвинетата Сузана Георгиева, управител на Интеркомерц ДОО Штип, од сметката на нејзината фирма на име на аванс на сметката на „Би-Метали“, пренела парични средства во износ од 290.000, 00 денари.

Во јули 2011 година Георгиев од сметката на „Ин Ком“ на сметката на „Би-Метали“ пренел паричен износ од 60.000,00 денари, кои управителот на оваа фирма, обвинетиот Костадинов ги прифатил, за еден ден подоцна по основ на цесија помеѓу „Машинопромет“, „Би-Метали“ и Управата за јавни приходи (УЈП) на сметката на УЈП да се пренесе паричен износ од 264.226,00 денари …“

Тројцата обвинети, вработени во УЈП, според Обвинителството иако знаеле дека се водат постапки за присилна наплата на даночен долг од АД „Машинопромет“ во периодот од 2008 до 2012 година, наместо согласно Законот за даночна постапка да ги спроведат постапките за присилна наплата, дозволиле стоката на залиха да биде отуѓена како старо железо.

„Со ова, на име на даночен долг нанеле значителна штета во износ 17.000.003,00 денари, а за „Машинопромет“ прибавиле имотна корист од во износ од 64.281.043,00 денари“, се наведува во обвинителниот акт.

Тек на судењето