/ Прочитано:

993

Триста илјади луѓе излегоа на улиците на Париз протестирајќи против Законот за легализација на истополовите бракови

Понеделник, 25 март 2013 – Илјадници луѓе протестираа во Париз против  Законот за легализација на истополовите бракови со кој се дозволува хомосексуалците да посвојат деца. Мерката за легализација на истополовите бракови и можноста тие да посвојуваат деца веќе е одобрена од Долниот дом на францускиот Парламент и треба да биде разгледана од страна на Сенатот во април. Законот е поддржан од страна на претседателот Франсоа Оланд.

Со транспаренти „Не задирајте во семејството“ и „Сакаме работа, а не геј бракови“, демонстрантите се собраа на просторот околу триумфалната капија со надеж дека ќе го спречат донесувањето на нацрт Законот предложен од претседателот Франсоа Оланд.

Полицијата во еден момент употреби палки и солзавец за да ги растера стотината демонстранти кои и покрај забараната, сакаа да влезат на „Шанзелизе“.  Оваа втор ваков собир во францускиот главен град изминатата недела.

Горниот дом на францускиот Парламент е против изгласувањето на овој контроверзен Закон за легализација на истополови бракови и нивно посвојување на деца. Протестантите бараат Владата да го повлече предлогот и истиот да биде ставен на гласање на референдум. Преку транспарентите што вчера се вееја во француската престолнина, револтираната толпа од народ порача дека земјата наместо да се справува со невработеност и масовните отпуштања, државниците се занимаваат со бракови кои ја нарушуваат семејната традиција.