/ Прочитано:

638

Тркалезна маса посветена на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство

Четврток, 2 октомври 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Меѓународната организација – Програма за развој на Обединетите Нации, организира на тркалезна маса посветена на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство.

Тркалезната маса посветена на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, ќе се одржи на ден 3-ти Октомври 2014 година /петок/ во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

„Сите адвокати кои се заинтересирани да земат активно учество на оваа тркалезна маса, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk“, известуваат од АКРМ.