/ Прочитано:

690

Тркалезна маса: Закон за социјалната заштита

Понеделник, 27 април 2015 – Во согласност со Kаталогот за задолжителна континуирана обука за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска во своите простории организира тркалезна маса на тема: „Закон за социјална заштита“.

Тркалезната маса се организира за судии и стручни судски службеници од Вишиот управен суд и од Управниот суд, како и за претставници на Министерството за труд и социјална политика и Центрите за социјални работи.

Во рамките на тркалезната маса свое излагање ќе имаат преставници од Министерството за труд и социјална политика.

Темите што ќе бидат опфатени во рамките на тркалезната маса се следните: „Постапување на центрите за социјална работа за остварување права од социјална заштита“  и „Разгледување на практичната примена на Законот за социјална заштита во однос на постапувањето на центрите за социјална работа“.